Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез објави дека Карло Анчелоти ќе го напушти кралскиот клуб, а интересно е што во долгиот говор првиот човек на шпанскиот гигант најави дека би било добро новиот тренер да говори шпански.
Медиумите веднаш го најавија Рафаел Бенитез како нов кормилар на десеткратниот европски првак, а главен конкурент му е Јирген Клоп. Претпоставката е дека Клоп можеше да биде промовиран веднаш, ако е прва опција кај Перез за нов тренер на Реал Мадрид. Менаџерот на Борусија Дортмунд се раздели со „милионерите“ и можно е да долета во Мадрид на кормилото на „кралевите“, иако прв пик е Бенитез. Според најавата на Перез новиот тренер на шпанскиот вицешампион ќе биде познат најдоцна за една седмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)