| четврток, 6 декември 2018 |

Харден им ја зема метлата на воините од Сан Франциско

Џејмс Харден со извонредна игра и импресивен учинок од 45 поени, 9 скока и 5 асистенции го предводеше Хјустон рокитс до првата победа над Голден стејт вориорс во финалето на Западната конференција од НБА лигата.

Хјустон славеше со 128-115 и намали на 1-3, но воините од Сан Франциско се уште имаат огромна предност и се на една победа до големото финале. Џош Смит постигна 20 поени кај победниците, а Двајта Хауард имаше дабл-дабл учинок од 14 поени и 12 скока.

Ниту една екипа во историјата на НБА лигата не успеала да се врати од негатива од 0-3, а надеж на Хјустон му дава одличната партија на Харден. Популарната „брада“ не дозволи противникот да ја направи таканаречената „метла“ односно да ја добие серијата со максимален резултат од 4-0.

Следниот меч се игра во Сан Франциско и домаќин ќе биде Голден стејт.

NBA: Houston Rockets at San Antonio Spurs

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top