Полицијата, обвинителството и истражниот судија дополнително ќе ги прегледуваат видео снимките земени од Македонски пошти по пожарот кој пред два дена ја зафати оваа зграда, јави Курир. Според нив ќе се вештачат предметните примероци подигнати од Главната пошта по извршениот увид на лице место.
Не се исклучува можноста, доколку истражниот судија тоа го побара, полициските увидни екипи повторно да излезат на терен.
Директорот на Македонски пошти, Рафиз Алити, во вторникот опожарени биле покривот, шалтер салата и некои канцеларии од вториот кат. Пламените јазици, според Алити, не ги оштетиле сервер салата и архивата, што според него е најважно. Според него причинета е минимална штета, но сепак остави крајниот збор да го имаат истражните органи по завршување на нивната работа.
Причините за избувнување на пожарот остануваат непознати. Директорот Алити изрази сомнеж дека истиот може да избувнал поради дотраената електрична инсталација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


