На седум дена пред големиот концерт на „Уан рипаблик“ во Скопје, се комплетираат сите детали околу настанот, информираат од „Авалон“
Групата доаѓа во Скопје на 1 јуни со својот приватен џет, а за разлика од нив, нивната екипа и опрема поради огромните технички потреби доаѓаат три дена порано со 5 автобуси и 5 камиони.
Екипата од 50 члена ќе биде сместена во Скопје во хотел со 5 ѕвезди, а за нивниот престој ќе се грижи специјална кетеринг-служба за да ги задоволи сите нивни прехранбени потреби, велат од продукцијата.
Концертот на „Уан рипаблик“ ќе се одржи на 1 јуни, во салата „Борис Трајковски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.