| четврток, 6 декември 2018 |

Директор на „Кока Кола“ в затвор поради соработка со Исламската држава

images
Информатички директор во филијалата на Кока Кола во Бангладеш е еден од двајцата уапсени под сомнение дека планирале да заминат во Сирија и да се борат на страната на Исламската држава(ИД), објавија во понеделник полицијата и компанијата.

Двајцата мажи биле уапсени за време на полициска акција во Дака во недела.

Еден од нив, Аминул Ислам, водител на одделот за информатички технологии во Кока Кола, бил регионален координатор на ИД, додека вториот, Сакиб Бин Камал, работел како учител во училиштето во Дака.

Полицијата прецизираше за Reuters дека Ислам работел за компанијата International Beverages Private, подружница на Кока Кола. Извор од компанијата потврди дека уапсениот бил директор на одделот за информатички технологии и дека повеќе денови бил отсутен од работа.

Кока Кола и официјално соопшти дека е запознаена со апсењето на нејзин вработен.

Според полицијата, уапсените признале дека наговориле најмалку 25 студенти да се придружат на ИД, милитантна група која освои делови на Сирија и Ирак.

Последните месеци во Бангладеш се уапсени најмалку 12 лица под сомнение дека соработуваат со ИД, за која се верува дека го шири своето влијание во јужна Азија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top