Жалбениот совет на Хашкиот трибунал побарал од српската влада да го уапски Воислав Шешељ и да го испорача до 26-ти мај, со објаснување дека неговата здравствена состојба не може да го спречи тоа.
Како што наведува белградскиот дневник „Политика“, според барањето кое било доставено до министерството за правда, здравствената состојба на Шешељ не е причина за неговото неиспорачување, бидејќи „неговата здравје не би било воопшто нарушено со враќањето во Хаг“, пренесува Танјуг.
Во документот стои и дека Шешељ во својот одговор до Тринуналот навел дека не направил ништо погрешно во однос на налогот од Претресниот совет на Хашкиот трибунал со кој тој е пуштен на привремена слобода, и дека не постои опасност од тоа тој да избега, како и дека не влијаел врз сведоците и ниеден од нив не бил загрозен.
Било истакнато, исто така, дека Жалбениот совет, бидејќи заклучил дека Претресниот совет погрешил со тоа што не ја повлекол одлуката за ослободувањето на Шешељ, ја поништил одлуката на Претресниот совет од 13-ти јануари и издал налог таа веднаш да се повлече и да се наложи негово враќање во Хаг. Налогот на Жалбениот совет не бил потпишан од двајца од вкупно пет судии – Бахтијар Тузмукамедов и Кофи Куелио Афанџе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.