| четврток, 6 декември 2018 |

Жерар Депардје: Спремен сум да умрам за Русија

Францускиот актер Жерар Депардје кој во 2013 година стана руски државјанин изјави во интервју за „Венити фер“ дека е спремен да умре за Русија и дека никогаш не се чувстувал како Французин.

depardje

– Спремен сум да умрам за Русија бидејќи таму луѓето се силни. Не сакам како некој бедник да умрам во Франција – изјави актерот.

Тој изјави дека никогаш не се чувстувал како Французин, бидејќи растел со вредности кои не му одговараат.

На неодамна завршениот Кански филмски фестивал тој привлече внимание бакнувајќи ја во уста француската актерка Изабел Ипер, која му беше партнерка во „Долина на љубовта“, филмот кој беше во конкуренција за наградата „Златна палма“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top