На патниот правец Скопје – Велес, од 52 км до 53 км (после манастирите), утре, поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин од 10:00 до 12:00 часот.
Во зависност од обемот на работите, можни се повремени пропуштања на возила.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.