| четврток, 6 декември 2018 |

Анджеј Дуда е новиот претседател на Полска

Andrzej Duda

Официјалните резултати од претседателските избори во Полски ја потврдија победата на конзервативецот Анджеј Дуда, кој освои 51,55 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат во вториот круг, Бронислав Коморовски 48,45 проценти, соопшти Централната изборна комисија.

Одѕивот на вчерашните избори во Полска бил 55,34 отсто, каде има повеќе од 37 милиони гласачи.

Четириесет и три годишниот Дуда ќе ја преземе претседателската должност во август. Неговата победа претставува сериозна закана за Владата пред парламентарните избори кои ќе се одржат оваа есен.

Досегашниот полски претседател Бронислав Коморовски го призна синоќа поразот, откако излезните анкети покажаа дека победата ја освои Дуда.

До неодамна релативно непознатиот, кандидат на национално-конзервативната Партија за право и правда, Дуда однесе неочекувана победа на изборите, што би можело да ја измени досегашната политика на најголемата економија на источна Европа кон ЕУ и да го загрози нејзиното членство во еврозоната.

Дуда во предизборната кампања истакна дека Полска треба да го воведе еврото „дури кога сите Полјаци ќе заработуваат колку и граѓаните од западните земји“. Партијата за право и правда, имено, не е толку ентузијастичка кога станува збор за развој на односите со Брисел и смета дека приоритетот на Варшава треба да бидат личните интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top