Маж на возраст од 48 години, кој денеска изврши двојно убиство во градот Љуботин, во североисточниот дел на Украина, веднаш потоа отишол до една бензиска пумпа и киднапирал две лица, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.
Љуботин се наоѓа во околината на Харков, далеку од зоната на конфликтот меѓу украинската војска и проруските сили, па затоа полицијата смета дека овој случај претставува криминално дело.
– Полицијата моментно преговара со убиецот за ослободување на заложниците и презема чекори за негово апсење, соопшти украинското МВР, не откривајќи информации за евентуалните мотиви на злосторството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.