Синоќа во „Икс-фактор“ во првата од двете вечери посветени на песни од „Евровизија“, настапија половина од финалистите на шоуто. Со најмалку гласови добиени преку смс од публиката останаа Хрватот Никола Марјановиќ и црногорскиот повратник во шоуто, Милан Букилиќ. По нивната изведба на песната за спас, жирито одлучи дека Никола таа вечер го напушта „Икс-фактор“.
Незадоволен од тоа што токму овој кандидат од неговата група заминува, менторот Масимо Савиќ без влакна на јазикот го искажа своето разочарување.
– Многу ми е жал што Никола испадна. Тој е одличен изведувач и мислам дека вечерва имаше многу полоши кандидати од него. Пред се, Нина, која вечерва не беше на ниво на ова натпреварување. Ова е доказ дека гласот на народот некогаш не е меродавен – заклучи Масимо.
Вечерва настапува другата половина на натпреварувачи и исто така, еден од нив ќе го напушти шоуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масимо Савиќ го исполни Антички театар во Охрид до последно место: Се резервираа и терасите од куќите над Антички
-
Концерти на отворено на Антички театар и во Хераклеа: Масимо Савиќ и Каролина во Охрид и во Битола
-
Масимо Савиќ со видеопоздрав до македонската публика
-
Масимо Савиќ мора на операција: Никогаш ништо не ме болело олку