Мигрант од Авганистан со тешки повреди бил транспориран во една од скопските болници, но поради тежината на задобиените повреди починал. 16 гидишното момче било пронајдено вчера околу 22 часо покрај железничката пруга кај Демир Капија, во клисурата која е најопасен дел од линијата Гевгелија-Табановце. Полицијата направи увид и ги утврдува причината за смртта, која најверојатно е удар од воз.
Од МВР велат дека се подготвуваат измени во законот за азил со цел да се растовари ситуацијата со мигрантите. Уште на граница илегалците ќе имаат право да искажат намера кај полицијата дека ќе побараат азил, по што ќе имаат 3 дена и тоа формално да го поднесат. Од МВР очекуваат дека новите измени ќе ги намалат жртвите по железничките пруги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигрант добил струен удар во обид да влезе во Македонија
-
Се враќала од работа кога монструмот ја покосил на тротоар – таа е прва од 10 жртви од нападот во Торонто!
-
Морбилите во Србија ја зедоа новата жртва: Почина здравствен работник
-
Пакистански мигрант баран за 70 убиства фатен на граничната линија



