Шефот на елитната единица Иранска револуционерна гарда Кашем Солејмани ги обвини денеска САД дека немаат волја да ги запрат силите на Исламска држава, по падот на ирачкиот град Рамади.
Коментарот на Солејмани, што го објавија иранските весници доаѓа, откако секретарот за одбрана на САД Ештон Картер вчера ги обвини ирачките сили дека немаат волја да се борат.
Не е сосема јасно дали изјавата на Солејмани е одговор на Картер, бидејќи меѓу двете земји постојат големи тензии околу иранската нуклеарна програма.
Шефот на Пентагон вчера изјави дека ирачките сили го отстапиле Рамади на „Исламска држава“, затоа што „не сакале да се борат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


