На 24.05.2015 година околу 23,30 часот во с.Градашорци-Струмица, во куќата сопственост на З.Д.(1965), по меѓусебна расправија помеѓу неговите синови Б.Д.(1991) и Т.Д.(1993), во еден момент Т.Д. со нож му нанел убодна рана на Б.Д. во пределот на десната страна од главата (темето). Од екипа на ИМП, Б.Д. е пренесен во МЦ-Струмица од каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Т.Д. е приведен, се работи за лице со психичко растројство, кое се лекувало во Психијатриска болница Скопје. Истиот е задржан во СВР-Струмица за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


