– Ги повикувам сите во Либан и во регионот да преземат одговорност и да се спротивстават на заканите од сунитските екстремистички групи (таксири) – нагласи Насрала на предавањето во јужниот либански град Набатие.
– Битката против проектот таксири е егзистенцијална битка со која ќе се соочи нашата држава и нашиот регион. Кога станува збор за егзистенцијална битка се друго е во втор план. Денес сме соочени со невидена закана во историјата, која е опасна за целото човештво- истакна тој.
Насрала додадед ека таа закана не е насочена конкретно кон Хезболах во Либан, против конкретна религија, против режимот во Сирија, владата во Ирак или некоја друга група во Јемен.
– Опасноста е за сите. Никој не треба да ги затвора очите и да ја става главата во песок- рече водачот на Хезболах.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро