Антитерористичкиот одред на полицијата безбедно демонтираше лонец под притисок во напуштено возило во близина на Капитол хил во Вашингтон, за кој постоеше сомневање дека всушност е бомба. Сопственикот на возилото е уапсен.
Портпаролката на полицијата поручникот Кимберли Шнајдер изјави дека полициската патрола вчера забележала празно паркирано возило на улица, кај трговскиот центар западно од Капитол хил.
Таа додаде дека полицијата ги демонтирала сомнителните уреди во возилото, вклучувајќи и лонец под притисок, што предизвикало гласна експлозија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.