Стотина ученици од над 15 земји од светот и нивните ликовни педагози, учесници на 34. „Мал битолски Mонмартр“ денеска ќе претстојуваат во културна визита на библиотеката „Ал – Би“ во демирхисарското село Бабино.
Младите амабасадори на мирот ќе имаат можност да се запознаат со високите уметнички и научни вредности на библиотеката, со раскошниот природен мозаик и стилските и естетски посебности на руралната архитектура во овој дел на Македонија. Во чест на учесниците на ликовниот караван ќе биде организирана изложба со книги од областа на ликовната уметност, а ќе имаат можност и да го проследат поетскиот настап на реномирани поети од Демир Хисар и Битола.
Во рамки на посетата, покрај поставената плоча на Малиот битолски Mонмарт, во куќата на книгата ќе биде откриена и плоча на Ротари клубот од Битола во знак за техничката поддршка на библиотеката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.