Еден 68-годишен Јапонец пепелтта на својата почината сопруга ја фрлил во шолја во еден тоалет во супермаркет во Токио.
Вдовецот сам се предал на полицијата која до неговото признание не можела да објасни од каде фрагменти од коски, меѓу кои и делови од вилица во тоалетот на супермаркетот.
Огорчениот маж објаснил дека со текот на годините односот со сопругата само се влошувал.
– Мојата омраза кон неа постојано растеше. Животот ми беше пекол додека таа не почина – рече тој.
Сопругата починала од болест во 64-та година. Нејзиното тело било спалено, а мажот во напад на бес ја фрлил пепелтта веднаш по кремирањето.
Според јапонските закони, пепелтта од човек може да се фрли само на одредно место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.