| четврток, 6 декември 2018 |

Полскиот претседател го призна изборниот пораз

Полскиот претседател Бронислав Коморовски го призна поразот од неговиот ривал Анджеј Дуда на вчерашниот втор круг од претседателските избори.

EEE0280C-2900-4D56-BBCA-1363849AE557_w308_h173

 

Дуда победи и во првиот круг што се одржа на 10 мај.

Коморовски (62) изјави дека ја почитува волјата на гласачите.

– Му пожелувам на мојот противкандидат успешно претседателствување – изјави тој.

Победата на 43 годишниот Дуда е прва поголема изборна победа во изминативе 10 години за опозициската конзервативна партија Право и правда која е блиска со Католичката црква.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top