Стоици луѓе учествуваа на митинг во неделата во Истанбул на кој бараа една од најголемите знаменитостите на турската метропола да биде претворена во џамија.
Демонстрантите се собраа во близина на древниот храм „Аја Софија“, во историската област Султанахмет во Истанбул. Тие носеле плакати со натпис „Храмот Света Софија треба да биде повторно отворен како џамија“, како и со исламистички пароли, како „Нашите животи нека бидат жртвувани за исламот“, и со слики на поранешниот исламистички претседател на Египет, Мохамед Морси, кој е осуден на смртна казна, што минатата седмица беше остро критикувано и од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Митингот минал мирно.
Некои крајно конзервативни политички партии и општествени исламистички движења во Турција, ја заговараат замислат храмот кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО како дел од Светското културно наследство, да биде претворена во џамија. Сепак, на највисоко ниво, засега овие иницијативи не се поддржани.
Главната христијанска светија во турската метропола соборниот храм Света Софија (Црквата на светата Мудрост) своевремено најголемиот храм во христијанскиот свет, е изградена во 537 година, а работите на неа се започнати во 532 година, во периодот од 1204 до 1261 година била претворена во католичка црква во текот на крстоносните војни, а потоа повторно седиште на Цариградската патријаршија, за по османлиското освојување на Мехмед Втори на Цариград во 1453 година да е претворена во џамија па потоа во музеј во 1935 година во времето на основачот на современа секуларна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.