Во понеделник рано наутро се уште ќе има повремен дожд во источнит регион. Претпладнето во поголем дел од земјата ќе помине во умерена облачност со подолги сончеви периоди. Попладне ќе има слабо изразена нестабилност во северниот регион од земјава, додека повремен слаб дожд може да се очекува во дел од источниот регион. Мала веројатност постои за повремен дожд и во поширокиот охридски крај. Вечерта носи разведрување низ поголем дел од Македонија.
Наутро ќе биде релативно топло, а минималанта температура низ котлините нема да се спушти под 12 степени.
Се очекува максимална дневна температура до 27 степени вдолж јужниот тек на Вардар, додека во северниот тек ќе биде посвежо, околу 24 степени. Низ местата во југозападниот крај максималната ќе има вредност околу 22 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.