| четврток, 6 декември 2018 |

Избувна пожар во прифатниот центар Чичино село

Во пожар што избувна вечерва, изгоре една од бараките во прифатниот центар Чичино село. Пожарот е изгаснат од страна на 8 пожарникарски возила и 17 пожарникари. Според првичните информации пожарот избувнал од вклучена греалка, во една од собите на бараката, во која живеат десетици социјални семејстава.

позар

Нема посериозно повредени, освен една жена која што вдишала чад и претпрела состојба на шок. Со возило на итната медицинска помош, жената веднаш е префрлена во болница.

извор: Телма

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top