– Ние се собираме и кампуваме овде е за да им објасниме дека не се прашуваат само тие за иднината на оваа земја – изјави актерот Тони Михајловски пред камперите на демократијата, додавајќи дека не се само тие народ и не можат само тие да одлучуваат кој ќе ја води оваа земја и како ќе се вика овој народ и на кој јазик ќе зборува.
-Тие не го прашаа народот кога го сменија името, ни прикачија некое зомби, мртво име на нашата држава, па Југославија е мртва само ние ја одржуваме во живот, само поради тоа што тие така одлучиле без да разпишаат референдум за тоа. Нè не прашаа ни кога ни го сменија знамето, која е таа дрскост, нè нe прашуваат ништо, само не прашаа кога требаше да ја поделат Македонија и тоа беше тоа кукавичко јајце, прашањето беше искривоколчено, односно беше подметнато, спинувано, тие се мајстори за спинување. Својот злостор кога ќе му го префрлиш на други, твојот веднаш се обезвреднува, но затоа ние се собираме да не им дозволиме само тие да се прашуваат и само тие да одлучуваат – изјави Михајловски.
Граѓанското движење за одбрана на Македонија, посочи тој ја брани државата од СДСМ, кои напаѓаат се што е македонско. Тие, рече, со векови ја прават својата идеја за поништување на својот народ.
-Тие не знаат сами да водат држава, тие 45 години водеа држава со инструкции од Белград како што им кажуваа другите така парвеа, и сега кога народот научи што е демократија тие се плашат да не пуштат ние да ја водиме државата , затоа што со оваа влада Македонија оди напред. Ние 9 години чекориме напред, а тие се единствените што за овие 9 години се обидуваат за секој еден лекор напред, да не вратат 10 чекори назад, потенцираше Михајловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тони Михајловски: Нивниот бал под маски, заврши. Паднаа маските
-
Поднесен обвинителен предлог против Тони Михајловски за закани за убиство на Бранко Тричковски
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Лавот во Португалија, Стрелецот во Грција: Каде треба да живеете според вашиот хороскопски знак?