Денеска во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар беа прогласени најуспешните поети на Меѓународниот фестивал „Литературни искри“ со што беше означен и крајот на второто издание на овој фестивал.
Според изборот на петчлената жири комисија, гран при наградата ја освои Стефан Марковски од Гевгелија, првата награда му припадна на Давор Крстевски од Куманово, втората награда на Катерина Гогова од Дојран, а третата на Цветанка Колева од Кавадарци. За најуспешен странски поет беше прогласен Невен Лукачевиќ од Хрватска, а за најмлад автор Сара Ѓорѓиоска.
На конкурсот за второто издание на фестивалот, беа пријавени 73 автори од Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска.
Синоќа, на кејот на Вардар, во амфитеаторот, поетско читање имаа 14 поети кои влегоа во потесниот избор за награди. Како дел од програмата која ја проследи манифестацијата беше и испраќањето на “Патеката на мирот”, која како нов проект, ја промовираше ликовниот уметник Живко Поповски-Цветин.
Сите пријавени поети кои учествуваа на конкурсот се застапени во заеднички Алманах кој се промовира по изборот на најдобрите.
Поетскиот фестивал во Гостивар го организираа Центарот за култура и здружението Културен бран со поддршка на Министерството за култура
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


