| четврток, 6 декември 2018 |

Неодоливи фотографии на деца со мачиња

11377184_974247035928689_405547457986185695_n

Врската која се создава помеѓу децата и животните е магична и нераскинлива. Иако многу родители имаат безброј причини кои ги наведуваат секогаш кога нивните дечиња ќе посакаат да чуваат животни, добро е да се размисли уште еднаш пред да се каже: не!

Иако да се чува милениче не е воопшто едноставно, сепак љубовта која ќе ја имате кон нив нема да ви дозволи да размислувате на „обврските“ и грижата која треба да им ја давате секојдневно. Тие треба да се хранат, да се прошетаат, редовно да се води хигиена, да се хранат соодветно, да им купите играчки со кои ќе се забавуваат, да се носат редовно на ветеринар. Знаат да бидат и немирни, понекогаш да уништат дел од мебелот или вашата омилена гардероба. Но тоа обично го прават животни кои немаат доволно внимание од газдите, па на секаков можен начин се трудат да го добијат.

Но позитивните работи од чување милениче со многупобројни отколку обврските набројани погоре. Луѓето кои чуваат миленици без размислување ќе ви кажат дека тие неретко знаат да им го направат денот позитивен дури и кога биле најтажни.  Имаат моќ да го намалат чувството на осаменост, да го редуцираат стресот, да охрабрат физичка активност кај нивниот сопственик, да го развеселат и да му пружат неизмерна љубов и внимание на својот сопственик.

Ако овие причини не ви се доволен доказ за убавината на чувањето миленици, тогаш овие фотографии на деца со мачиња како миленици нека ви бидат причина плус за да се согласите кога следниот пат ќе посакаат да имаат верен пријател.

11263032_974247295928663_374886271630273708_n 11263130_974247322595327_997124273731000314_n11239691_974247445928648_1791980350131119639_n 11216592_974247175928675_5736373917623323460_n 11148500_974247279261998_7175709825686067653_n 11137184_974246909262035_1391930231916418969_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top