Британската пејачка и оскаровка Адел ќе снима дует со колегата Роби Вилијамс, песна која ќе се најде на неговиот следен албум.
Ова е голем успех за Роби и неговиот тим затоа што Адел претходно одби многубројни понуди за снимање заеднички песни. Пејачката уште во 2009 година изјави дека не сака да снима дуети, но ако веќе тоа треба да се направи, би го направила токму со Роби.
– Не сакам такви соработки. Повеќе сакам да пеам во живо. Ако веќе би снимала дует, тоа би го направила со Роби Вилијамс – изјави тогаш Адел.
Роби претходно веќе има заеднички песни со Кајли Миноуг, Никол Кидман и многу други.
– Тие се одлични пријатели и разговараа за идејата додека беа во Лос Анџелес, на церемонијата за доделување на наградата „Оскар“. Има неколку песни, но двајцата треба да одлучат која ќе ја снимат, вели заеднички пријател за британски „Сан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


