| четврток, 6 декември 2018 |

Роби Вилијамс: Во мојата глава имам болест која сака да ме убие

– Јас имам болест која сака да ме убие и која се наоѓа во мојата глава, па затоа морам да се заштитам од тоа. Понекогаш потполно ќе ме преплави, а понекогаш го претставува токму она што ми е потребно на сцената. Но, поголемиот дел од времето сум сосема нормален и водам еден нормален живот. Се обидувам да се изборам со искушенијата и неволјите кои се случуваат меѓу моите уши – вели музичарот Роби Вилијамс.

На 19 годишна возраст Роби за прв пат забележал дека има проблеми со менталното здравје.

Во текот на раните дваесетти успеал да се отрезни, но подоцна, во неколку наврати, им се враќал на алкохолот и дрогите. Конечно, на својот 33 роденден, во 2007 година, Роби Вилијамс оди на рехабилитација, убеден дека го делат „само 24 часа од смртта“.

Тогаш се соочувал со анксиозност, проблеми со тежината и страв од настапи.

Покрај за своето здравје, Вилијамс во интервјуто зборува и за својот голем пријател и идол Џорџ Мајкл, за кого вели дека многу му недостига, како и тоа дека смртта на Мајкл го натерала да си го преиспита својот живот.

– Дали тоа беше 2016 година кога сите починаа? Тоа беше ужасна година, тогаш речиси секој го загуби својот херој. И тогаш, со 43 години и две деца, наеднаш сфаќаш дека не си бесмртен – вели Роби.

– Она што јас го поминував, беше многу многу близу…Многу пати бев многу, навистина многу блиску… Тоа беше сличен ролеркостер, навистина. Ми недостига Џорџ, би сакал да е овде – вели тој.

Кон крајот на минатата година, Роби Вилијамс беше принуден да откаже турнеја. Тогаш поминал една недела на интензивна нега, откако претходно докторите му пронашле абнормалност во мозокот, која „наликувала на крварење“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top