Борци на групата Исламска држава упаднале во музејот на древниот град Палмира. Артефактите меѓутоа биле однесени на сигурно место, соопшти претставник на сириските власти.
ИД го зазеде градот, што се наоѓа во централната провинција Хомс, во средата. Тоа предизвика стравувања кај меѓународната јавност, дека џихадистите ќе ги уништат вредните храмови, гробници и колонади со над 2000годишна историја, распоредени во јужниот дел на градот.
Маамун Абдулкарим шеф на одделот на античките споменици и музеи во Дамас, вели дека борците влегле во музејот во центарот на Палмира вчера попладне, ги заклучиле вратите и поставиле свое обезбедување. Претходно, артефактите од музејот биле однесени на безбедно место, додаде тој.
Абдулкарим предупреди дека контролата на групата врз градот останува извор на опасност за археолошките објекти. ИД веќе уништи неколку места со голема историска вредност во Сирија и Ирак и прави доходовен бизнис со артефакти на црниот пазар.
Според Абдулкарим, во последните четири години од земјата незаконски биле изнесени околу 6.300 артефакти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Лувр на 11 ноември отвора свој музеј во Абу Даби (видео)
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто