Огледалата според Фенг Шуи се користат за зголемување на просторот и за позитивна енергија. Огледалото е средство за забрзување и пренасочување на чи енергијата која се користи за исправање на неправилностите во просторот како и за активација на текот на позитивна енергија во домот. Доколку го поставите погрешно тоа ќе ја отргне позитивната енергија од вашиот дом.
Некои од забраните за тоа каде смее или не смее да се постави огледалото и кои се препорачува да се почитуваат се:
1. Никогаш не смее да бидат сместени така да создаваат директен одраз на некои од вратите во куќата. Тоа е така затоа што, онаа позитивна енергија која треба да ја пратат во домот, ја испраќаат надвор од домот.
2. Не смеете да ги поставите така да ги одразуваат тоалетот и кујната.
3. На него не треба да се огледуваат канти за ѓубре, насобран неред или нечистотија од било каков вид.
4. Доколку е поставено во спалната соба, предизвикува расправии и недоразбирања меѓу сопружниците, па дури и вонбрачна афера.
5. Без разлика на тоа дали е на кровот, ѕидот или орманот, доколку огледуваат некоја личност додека спие може да предизвика болест кај личноста која се огледува. Симболички одразот на личност која спие е како да е мртва, токму затоа може да создаде и да собира штетна енергија која предизвикува појава на болести. Ако не сте во состојба да го тргнете огледалото од спалната соба, тогаш прекривајте го со чаршав додека спиете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.