| четврток, 6 декември 2018 |

Германија и Франција планираат до 2030. да создадат тенк – конкурент на рускиот „Армата“

2

Германското Министерство за одбрана планира заедно со француската Влада да изработи проект за современ воен тенк, кој ќе биде конкурент на рускиот Т-14 на платформата „Армата“, пишува германскиот весник „Велт“.

Новата борбена машина треба да биде готова до 2030 година и да го замени тенкот „Леопард-2“, кој се користи од вооружените сили во неколку европски земји.

Според „Велт“ причина за таквите планови е информацијата на Федералното разузнавање на Германија (БНД) за зголемената воена моќ на Русија.

Аналитичарите на БНД сметаат дека тенковите Т-14, претставени на парадата во Москва на Денот на победата, 9 Мај, се само примероци, а оти до почетокот на сериското производство на тие машини можат да поминат уште неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top