Премиерот Никола Груевски заедно со владината делегација, во чиј состав е министерот за надворешни работи Никола Поповски и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, денеска ќе престојуваат во Ватикан по повод чествувањето на 24 мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј.
Планирано е да се одржи аудиенција кај неговата светост Папата Франциско, а, како што е најавено, ќе се оствари и средба со државниот секретар на Ватикан кардиналот Пиетро Паролин.
Вчера во Рим, премиерот и министерот за привлекување на странски инвестиции Џери Наумоф остварија средба со италијански стопанственици на кои им беа презентирани можностите за инвестирање во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.