| четврток, 6 декември 2018 |

Русинка случајно си пукнала во глава додека правела селфи

Млада Русинка во моментов се наоѓа во критична состојба откако со пиштол во рака сакајќи да фотографира селфи случајно го повлекла орозот и си пукала во глава.

Девојката (21) имала деветмилиметарски пиштол што го земала од членот на обезбедувањето во фирмата каде што работела, затоа што сакала да се фотографира со оружјето, јавува Бета.

Членот на обезбедувањето го оставил пиштолот во компанијата пред да замине на годишен одмор и засега не се знае како девојката го пронашла оружјето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top