| четврток, 6 декември 2018 |

Усмртена жена во сообраќајка во Битола

soobrakajkasredena

Шеесет и еднагодишната битолчанка Петра Т. загина во сообраќајна несреќа откако во неа удрил автомобил „форд галакси“ со словенечки таблички.
„Фордот“ го управувал битолчанец, 29-годишниот Д.Ц.. Петра Т. од силниот удар добила тешки телесни повреди, фрактура на десната потколеница, карлица и крвавење во главата поради што била пренесена во Клиничката болница во Битола, но околу половина час по полноќ, таа починала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top