| четврток, 6 декември 2018 |

Германска амбасада:Шпекулациите за промени на граничните линии може да претставуваат почеток на нови насилни конфликти

германија

Германија и Европската Унија се убедени дека секоја држава треба самата да одлучи со своето население кој пат сака да го изоди. Овој став е цврст темел на нашата политика во однос на земјите од Западен Балкан. Вашата земја, како и сите држаави од Западниот Балкан, доброволно се одлучи за пат кон Европската Унија, се вели во денешното соопштение од Германската амбасада во Скопје, Република Македонија.

– Во својата неодамнешна изјава македонскиот министер за надворешни работи уште еднаш јасно ја наведе интеграцијата во ЕУ и НАТО како цел на својата држава. Германија и нејзините партнери во ЕУ го признаваат територијалниот интегритет на Вашата земја. Границите на Западниот Балкан се конечно поставени. Шпекулациите за промени на граничните линии се неодговорни и би можеле да претставуваат почеток на нови насилни конфликти. По насилните настани во Куманово, со олеснување ja следевме сплотеноста на граѓанките и граѓаните од сите етникуми. И понатаму ги повикуваме сите страни на присебност, за да не се оптоварат односите помеѓу етникумите. Сојузната влада го дели неприкосновениот интерес за оддржлива стабилност, слобода, безбедност и просперитет во регионот со граѓаните од државите на Западниот Балкан. Заедно со нашите партнери се залагаме за оваа цел. Сега, во преден план треба да биде решавање на кризата што трае веќе со месеци. За ова е неопходно темелно и транспарентно соочување со содржината на обвинувањата произлезени во рамки на објавените прислушувани телефонски разговори. Освен тоа, потребни се системски реформи за повторно да се стекне довербата во демократските институции на државата- стои во соопштението од амбасадата на Германија во Скопје.

Напорите на ЕУ за посредување, се подвлекува во соопштението од Германската амбасада во Скопје, ја имаат нашата потполна поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top