| четврток, 6 декември 2018 |

Италијански бизнисмени заинтересирани за инвестирање се сретнаа со Груевски

grujo

На средбата, соопштуваат од владиниот кабинет, присуствувале сопственици и менаџери на компании од повеќе различни сектори како што се автомобилската, електронската, текстилната и дрвната индустрија, како и од и енергетскиот сектор.

Груевски по средбата изјави дека беше остварена средба со петнаесетина компании од Италија кај што постои интерес за инвестирање во Македонија.

-Дел од нив веќе беа запознаени со условите за инвестирање во Македонија, затоа што веќе имале контакт или со нашите министри или со економските промотори, но дел и не беа запознаени. И за едните и за другите беше корисно да зборуваме за повеќе детали и информации за правење бизнис во Македонија и тоа беше навистина корисно за сите овие компании – истакна Груевски.

grujo2

Премиерот  во изјавата посочи дека со добар дел од нив веќе е договорено во јуни или јули да ја посетат Македонија и да ги увидат можностите на самиот терен, да остварат контакти со компаниите во Македонија и со државните институции.

-Би рекол дека тоа е значајно бидејќи Италија е трета по ред по извозот, а петта според трговската размена, што значи дека има значаен потенцијал кон кој што ние се насочуваме – изјави  Груевски.

grujo4

За време на средбата премиерот на присутните бизнисмени објаснувајќи им ги условите за инвестирање, им посочил дека според рангирањето на Европската комисија минатата и пред минатата година Република Македонија постигна втор најдобар раст во Европа, а во однос на најновиот пролетен извештај за оваа и наредната година тие предвидуваат дека државата ќе биде прва според економскиот раст во Европа.

Тој нагласил дека токму посветеноста кон привлекување на странски инвестиции придонесе за отворање на нови работни места и намалување на невработеноста што е стратешка определба на Владата, и таа моментално  изнесува 27.6 отсто, континуирано паѓа од претходните високи 38 отсто, и стратешка определба на Владата е да се работи таа дополнително да се намалува.

grujo3

Меѓу другото Груевски истакнал дека покрај создавањето на поволни услови за водење на бизнис се инвестира и во инфраструктурни проекти, во моментот се градат три нови автопати, а уште еден автопат е во план за изградба, изградбата на железничка пруга кон Бугарија е во тек, а се гради и нов крак на гасовод и се превземаат активности за изградба на цела гасоводна мрежа низ државата.

По средбата со премиерот сопственикот и директор на компанијата Бузи Бузи, Дарио Бузи изјави дека бизнис климата во Македонија е многу добра и изрази задоволство што имаше можност да оствари средба со премиерот Груевски и да се информира за многу теми од значење за неговата фабрика.

grujo5

-Ние започнавме со бизнис во Прилеп, бизнис климата е многу добра и беше многу лесно да се започне на вистинскиот начин. Сакаме да се прошириме, започнавме во Прилеп со дваесетина вработени и нашата цел е да се прошириме до 100 вработени- изјави Дарио Бузи. Инаку компанијата Бузи Бузи се занимава со производство на опрема за осветлување, и има повеќе свои бизнис низ светот.

grujo6

Во текот на утрешниот ден претседателот на Владата Никола Груевски заедно со владината делегација во чиј состав е министерот за надворешни работи Никола Поповски, и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска ќе престојуваат во Ватикан по повод чествувањето на 24-ти мај, Денот на Светите браќа Кирил и Методиј. Планирано е да се одржи аудиенција кај Неговата светост Папата Франциск, а ќе се оствари и средба со државниот секретар на Ватикан кардиналот Пиетро Паролин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top