| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува проектот „Отварање на 66 рурални аптеки“

аптека

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети новоотворената рурална аптека во радовишкото село Ињево.

– Задоволен сум што продолжува реализацијата на проектот „Отварање на 66 рурални аптеки“, чија што реализација е заедничка на Министерството за  здравство, Агенцијата за лекови и Фондот за здравствено осигурување. Со тоа овозможуваме пристап до лекови на околу 135.000 граѓани во рурални области во цела Македонија- изјави Тодоров.

Посочи дека за целосно заокружување на проектот ќе биде неопходно да се доближат и лекарските услуги.

– Тука е и сегментот наподвижните аптеки, кој е за места до 1.500 жители, а сега го правеме комплементарен проектот подвижна аптека и рурален лекар. Ова е германски модел со кој оние кои имаат две аптеки ќе отворат една во руралните средини, а оние кои имаат пет аптеки во урбаните средини ќе треба да отворат две рурални аптеки со што ќе ги  доближпме здравствените услуги до сите граѓани – рече Тодоров.

За градоначалникот на Радовиш, Сашко Николов, отварањето аптеки во руралните средини значи подобрување на здравствената заштита на целото население, а пред се на постарите и изнемоштени лица во селата Ињево и Ореовица во кои во наредниот период ќе се овозможи и двапати во неделата посета на рурален лекар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top