| четврток, 6 декември 2018 |

Маж и жена пронајдени со пресечено грло во Париз

Жена, за која се покажало и дека е бремена, била најдена мртва со пресечено грло во стан во Париз, додека нејзиниот партнер бил оставен во критична состојба,  јавија француските медиуми.

Покрај нивните тела била пронајдена електрична брусалка.

Полицијата ги нашла во стан на Ру де Бу, во 20–тиот арондисмент, во источниот дел од Париз.

Жената била неколку месеци бремена, а според многубројните извештаи во француските медиуми,  жената имала многу рани по телото.

Нејзиниот партнер, исто така, имал пресечено грло, но преживеал. Бил ранет и во стомакот.

Тој бил во критична состојба, а од станот пожарникарите го изнеле преку прозорецот со помош на јажиња.

Според „Ле Паризиен“, електрична брусалка била најдена до нивните тела.

Останува нејасно дали во случајот се има вмешано и трето лице, но според извештаите на полицијата, двојката имала историја на семејно насилство.

Извор: Макфакс

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top