| четврток, 6 декември 2018 |

„Симон Боканегра“ вечерва на „Мајски оперски вечери“

Во рамки на 43. „Мајски оперски вечери“, во вторник, 26 мај 2015 година, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Симон Боканегра“.

Претставата ја режираше гостинот од Италија, Антонио Карло де Лучија, а беше изведена минатата година за свеченото отворање на минатогодишните „Мајски оперски вечери“.

Во главните улоги ќе настапат: во насловната улога, нашиот познат баритон, Борис Трајанов, во останатите, Валерија Сепе-Италија, Кармине Монако- Италија, Иван Момиров-Бугарија и нашиот бас, Владимир Саздовски.

Диригент е Стефано Романи од Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top