| четврток, 6 декември 2018 |

Втората светска војна ќе ѝ помогне на Грција да го врати долгот

Грција бара од Германија исплата од 108 милијарди евра, без камата, на име отштета за уништената инфраструктура во Грција за време на Втората светска војна

172894613250d4693fb3b3b749815712_640x425Покрај 108 милијадри, Грција од Германија бара и дополнителни 54 милијарди, колку што ѝ дала заем на Германија за време на окупацијата, соопшти грчкиот Национален совет за побарување долгови од Германија.

Членот на секретарјатот на Советот, Аристоменис Сигелакис, ги објави податоците за побарување од Германија во говорот што го оджа во Солун по повод промоцијата на книгата „Грчкиот холокауст 1940- 1945“.

Сингелакис додал дека Советот бара отшета за оштетените архиолошки богатства, како и за жрвите.

Кога Германија би прифатла да ја плати бараната отштета, Атина може да го намири целиот свој долг кон меѓународната заедница. Меѓутоа, грчкото Министерство за надворешни работи лани рече дека нема намера да дискутира за воената отштета, која на Грција ѝ е исплатена во шеесеттите години на минатиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top