| четврток, 6 декември 2018 |

Авионот на премиерот Груевски принудно слетан во Цирих

Владината делегација предводена од Премиерот Никола Груевски која се враќала од Стразбур принудно слетала во Цирих, дознава „Телма“.

– Според првичните информации можам да потврдам  дека при враќањето од Стразбур се случил дефект во летот на владиниот авион во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници по што авионот принудно слетал во Цирих – изјави за „Телма“ портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Според информациите кои Ѓоргиев ги има, присутни во авионот велат дека се слушнал гласен и продорен звук по што дошло до пореметување на внатрешниот притисок.

 – Пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да се обиде да го намали притисокот и според  протоколот за  вакви ситуации да го слета авинот на најблискиот аеродром – изјави  Ѓорѓиев.

Тој додаде дека сите патници се добри и дека надлежните служби треба да ги преземат сите процесни дејства за утврдување на фактите.

Премиерот Груевски и сите патници во авионот се чуствуваат добро, а авионот е на поправка во Нирнберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top