Фудбалската легендата Чави Ернандез, на прес конференција најави дека по завршувањето на тековната сезона ќе го раскине договорот со шпанскиот гигант Барселона, иако од истиот има уште една година.
– Дојде време за промени. Објавувам дека дефинитивно си заминувам од Барселона по завршувањето на сезоната. Одлуката е конечна и тешка, изјавил Чави.
Чави кој од својата 11-та година е дел од Барселона, за која настапува 24 сезони, е апсолутен рекордер во дресот на Каталонците. Тој има одиграно 764 натпревари, а со Барелона осумпати беше првак на Шпанија и трипати ја освојуваше Лигата на шампиони. Тој ќе има можност да освои уште два пехари со својот матичен клуб, во Купот на Шпанија во кој Барселона на 30 мај ќе игра против Атлетик Билбао и седум дена подоцна (6 јуни) кога во Варшава, против Јувентус шпанскиот шампион ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите.
Прошталниот натпревар на „Камп Ноу’’ Чави ќе го има во недела во последното коло од шпанската Примера, кога Барселона и официјално ќе биде промовирана во нов првак на Шпанија.
Според најавите Чави, предвреме го завршува договорот со Барселона, со цел, веднаш да му се приклучи на катарскиот тим Ал Саид, за кој ќе настапува две сезони, а потоа, можно е и враќање во Барселона, најави Чави.
– Им благодарам на сите кои ме поддржуваа сите овие изминати години. Најмногу им благодарам на навивачите на Барселона. Уживав овде и се надевам дека еден ден ќе се вратам, емотивно ја завршил средбата со шпанските медиуми Чави Ернандез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.