| четврток, 6 декември 2018 |

Трајковски пристигна во Палермо на медицински тестови

trajko

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски пристигна во Палермо на вообичаените медицински прегледи за да го официјализира двегодишниот договор со својот нов клуб од Сицилија.

Трајковски се договори со Управата на калчолигашот и заедно со Горан Пандев, а веројатно и Никола Јакимовски, ќе биде триото македонски фудбалери кои ќе настапуваат во Серија А следната сезона.

– Трајковски е првото наше засилување, а потоа продолжуваме понатаму. Со него очекуваме да добиеме одлична конкуренција во нападот. Се работи за млад, но веќе докажан одличен фудбалер – рече претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини.

Пандев се враќа во Италија, но сега ќе игра за Џенова, а претходно беше член на Лацио, Интер и на Наполи. Најавено е дека во тимот на Џенова ќе пристигне и Јакимовски од редовите на второлигашот Варезе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top