„Балкан медија“, кои се потпишуваат зад концертот на Лепа Брена закажан за 20 јуни на арената „Филип Втори“, го одложуваат концертот на неопределено време.
И од продукцијата и од менаџментот на Лепа Брена велат дека моменталната ситуација во државата е причината поради која концертот, кој требаше да биде најголемиот музички спектакл летово, се одложува.
Секојдневните протести и блокади се причината поради која Лепа Брена и нејзиниот тим одлучија дека периодов не е најдобар за спектакл од таков калибар.
– Жалам поради тоа што ова лето нема да се дружам со моите фанови од Македонија, но едноставно ситуацијата е таква. Воедно им благодарам на сите што одвоија средства за навремено да обезбедат влезница и им ветувам дека во најбрзо време ќе го одржам одложениот концерт – изјави Лепа Брена.
Сите што веќе купиле влезница, парите можат да си ги вратат од продажните места каде што ја набавиле влезницата.
За новиот датум кога ќе се одржи концертот на Лепа Брена, навремено ќе бидете информирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


