Најдобриот млад играч во светот и член на Јувентус, Пол Погба се договорил со Барселона за трансфер во каталонскиот гигант. Ова го тврди каталонскиот спортски весник „Спорт“ во денешното издание.
Според весниот, Барса понудила 80 милиони евра за да го доведе во своите редови Французинот Погба. На преговорите присуствувале менаџерот на фудбалерот, Мино Раиола и новиот спортски директор на Барселона, Ариедо Браида, кој сака да доведе во Барселона „голем“ фудбалер за да го означи неговото доаѓање во клубот.
Погба бил задоволен од тоа што го нуди клубот, а во прилог му оди и тоа што Чави идната сезона си заминува од клубот и ќе се отвори место во средниот ред.
Сепак, останува нејасно како Барселона планира да го изведе трансферот бидејќи е под забрана од УЕФА до јануари 2016 година за доведување нови засилувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



