Процедурата за преземање филијали на кипарските банки во Грција е запрена на барање на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, пренесоа грчките медиуми. Тој нагласил дека прашањето за продажба на филијалите на кипарските банки во Грција се разгледува во пакетот мерки предвидени со антикризниот план за Кипар, одобрен синоќа од Еврогрупата.
Планот предвидува ликвидација на втората по големина банка, Народната банка и преструктуирање на најголемата финансиска институција во земјата – Банката на Кипар. Овие две банки, заедно со многу помалата Грчка банка, имаат повеќе филијали на грчка територија.
Во петокот беше соопштено дека Пиреос банк, трета по големина трговска банка во Грција ќе ги преземе филијалите на кипарските банки во Грција – односно на Банката на Кипар и Народната банка. Банката на Кипар и Народната банка во Грција имаат повеќе од 300 филијали, во кои работат околу пет илјади лица. Филијалите на овие банки располагаат со капитал вреден околу 13 милијарди евра, а кредитите што ги доделиле се проценуваат на 20 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција