| четврток, 6 декември 2018 |

Авион со еден тон кокаин се урна на Карибите

Мал авион кој на пат кон Венецуела носел околу еден тон кокаин, денес наутро се урнал на Карибите откако го пресретнале воздухопловните сили на Колумбија.

Венецуела и Колумбија ја потврдија веста за падот на авионот, но објавија различни верзии за настанот.

Видеоснимката што ја објавија колумбиските воздухопловни сили покажува дека борбениот авион што го пресретнал авионот „Хакер 800“ од Венецуела веднаш откако влегол во колумбискиот воздушен простор околу 3 часот по полноќ.

Колумбиските власти велат дека малиот авион се обидел да маневрира и да побегне, но дека не успеал, а кога еден од неговите мотори откажал тој се урнал на брегот на Пуерто, Колумбија.

Крајбрежната стража на Колумбија соопшти дека телото на пилотот е пронајдено под остатоците од паднатиот авион, заедно со 1,2 тон кокаин спакуван во пакети од еден килограм.

Неколку часа подоцна, министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино, изјави за националната телевизија дека авионот се спуштил на тајна писта во западната држава Апур по полноќ. Кога авионот повторно полетал венецуелските авиони наводно му наредиле да се спушти, но почнале да пукаат кога пилотот одбил да го спушти авионот, додаде Падрино.

Министерот нагласи дека венецуелските власти ја изгубиле трагата на авионот во близина на границата и дека ги известиле своите партнери во Колумбија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top