| четврток, 6 декември 2018 |

Најбрзиот фудбалер во светот е Антонио Валенсија!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави својата статистика околу тоа кој е најбрзиот фудбалер на светот.
Оваа информација ќе шокира многумина бидејќи најбрз фудбалер на светот не е ниту Арјан Робен, ниту Герет Бејл или Кристијано Роналдо, туку членот на Манчестер јунајтед, Еквадорецот Антонио Валенсија.

Во согласност со најсовремените методи користени за мерење на најголемата брзина на играчите во најсилните лиги на натпреварите последните три месеци, дојдено е до заклучок дека никој не е побрз од Валенсија.

Тој забележал брзина од 35,1 километар на час, пред Герет Бејл чијашто максимална брзина изнесува 34,7 километри на час. Крилниот играч на Евертон, Арон Ленон е трет на листата со 33,8 километри на час, пред Кристијано Роналдо со 33,6 и Тео Волкот од Арсенал со 32,7 километри на час.

Во топ 10 листата има место и за Лионел Меси со 32,5 километри на час, Вејн Руни (31,2), Френк Рибери (30,7), Аријен Робен (30,4) и Алексис Санчез со брзина од 30,1 километар на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top