| четврток, 6 декември 2018 |

Го задоволува среде метростаница (18+)

9Fo6vsX

Бостонска двојка ги шокираше минувачите во една метростаница во Масачусетс, кога среде бел ден покрај еден столб се препуштија на орално задоволување.

Изнервиран патник ги фотографирал и фотографијата ја испратил до овластените за јавниот превоз во со посебна порака.

– Разбирам дека имате финансиски проблеми, и дека е тешко да се одржува овој распаднат систем, но очекувам дел од парите кои ги давам за данок да одат за полицијата, за да не морам и друг пат да стојам до маж на кој девојката му пружа орален секс.

Генерал-полковник Ричард Саливан изјавил дека полицијата нема да толерира вакви активности во метрото.

– Во 20 години работно искуство никогаш не сум сретнал вакво безобзирно дело, однесување како да никој не ги гледа, изјавил полковникот.

Во случај момчето и девојката да бидат идентификувани, ќе се соочат со тужба за развратност за која би добиле и затворска казна од најмалку три години, а и би биле регистрирани како сексуални престапници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top