Земјотрес со епицентар 110 километри западно од Скопје, на територијата на соседна Албанија, е регистриран утрово во 8 и 20 часот од апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Опсерваторијата соопшти дека земјотресот бил почувствуван во северозападниот дел на Македонија со интензитети од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала -1998.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.