| четврток, 6 декември 2018 |

Рударска несреќа во Турција, еден загинат

Еден работник загина денеска при уривање во рудник за јаглен во округот Зонгулдак, во северниот дел на Турција, соопшти турската телевизија НТВ.

Спасувачки екипи се испратени на местото на несреќата во рудникот. Еден 43-годишен работник загинал на самото место.

Причините за несреќата се уште не се познати.

Во Турција често се случуваат индиценти на работното место. Земјата е на трето место во светот по бројот на смртни случаи на работното место, според Меѓународната организација за труд.  

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top